Дресот на Коби Брајант ќе биде изложен во најголемиот музеј во светот

Дресот на Коби Брајант од 2008 година ќе биде изложен во Националниот музеј на афричко-американската историја и култура во Вашингтон „Смитсонијан“. Легендата на ЛА Лејкерс годинава во јануари трагично загина во хеликоптерска несреќа заедно со својата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум лица. Дресот кој ќе биде изложен популарниот Коби го носеше на петтиот натпревар од финалната серија против Бостон Селтикс, која Лејкерс ја загубија, пред него што следните две години освојат два трофеи во низа.

Коби Брајант кој загина на 41 година, дресот на музејот „Смитсонијан“ го донираше во 2017 година. Од музејот исто така открија дека семејната фондација на Коби и Ванеса Брајант има донирано најмалку милион долари на Националниот музеј во секторот кој има за задача да ја промовира афроамериканската историја.

Се вчитува...