Дресот на Мајкл Џордан од студентските денови продаден за неверојатна сума

Дресот на легендарниот Мајкл Џордан од студентските денови, кој го носеше на насловната страница на „Спортинг њус“ во 1983 година, неодамна беше ставен на аукција.

Па, на крајот е продаден за неверојатна сума од 1,38 милиони долари. Тоа е најголем износ за кој е продаден некој дел од опрема на кариерата на легендарниот кошаркар.

Во прашање е дресот на Универзитетот Северна Каролина, светлосина боја со број 23 и името на Џордан од 1983 година, кога Американецот беше МВП во НЦАА лигата.

Интересно е дека овој дрес веќе еднаш се најде на аукција во 1999 година кога беше продаден за 63.500 долари.

Рекордот како најскапо продаден дрес и натаму го има Бејб Рут, легендарниот играч на Њујорк Јенкис, кој во 2019 година беше продаден за 5,64 милиони долари.

Се вчитува...