Дресот на Златан е „златен“ за синчето на фудбалер на Шамрок

Доаѓањето на Милан, а особено на Златан Ибрахимовиќ во Даблин беше дочекано како огромна сензација и мега настан. Тоа го потврдува и фактот што играчот на Шамрок, Арон Грин си размени дрес со шведската ѕвезда, а потоа веднаш отиде да му го предаде на синот. Детенцето кое е дел од академијата на клубот на натпреварот било меѓу момчињата за додавање топки и имало огромна желба да добие дрес токму од Ибрахимовиќ. Таткото се погрижи желбата да му биде ислопнета. Милан го совлада Шамрок со 2-0 во првата квалфикациска рунда од Европа лигата.

 

 

 

 

Се вчитува...