Почетокот на 2021 година воедно ќе значи и зелено светло за сите оние фудбалери чии договори истекуваат на 30 јуни, да имаат право да преговараат со клубови надвор од земјите во кои моментно настапуваат, па и да потпишат преддоговори што ќе станат важечки од 1 јули 2021 година. Понудата на слободни фудбалери на пазарот ќе биде најбогата во последните дваесетина години, клубовите ќе можат да донесат суперѕвезди без никаква отштета, но јасно е дека тоа само по себе носи и многу повисоки плати за самите фудбалери.
Прв голман на „гратис дрим-тимот“ е Џанлуиџи Донарума, извонредниот чувар на мрежата на Милан. Преговорите за нов договор со „росонерите“ се во тек, но огромна е разликата во она што Милан го нуди и она што Донарума го бара, па овој чувар на мрежата летово би можел да ги промени клупските бои.
Серхио Рамос ги предводи слободните дефанзивци, шпанскиот ас тврди дека сака да остане во Реал Мадрид, но не успева да најде заеднички јазик со Флорентино Перез за продолжување на престојот на „Сантијаго Бернабеу“. Најнова опција за Рамос е Тотенхем, а интерес за овој ветеран веќе извесно време покажува и ПСЖ.
Давид Алаба дефинитивно си оди од Баерн Минхен летово, а една од можните дестинации е токму Реал Мадрид. Покрај Алаба, достапни се слободен трансфер се и Боатенг и Хави Мартинез од Баерн, како и суперталентот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, кој е најблиску до Барселона.
Најпосакуван играч за врска од оние кои се достапни без никаква отштета е Вајналдум, кој се наоѓа на излезна врата од Ливерпул. Арсенал конечно ќе се ослободи од Месут Озил од пребогатиот договор вреден 350.000 евра неделна плата, додека Милан се бори за да го задржи Чалханоглу, за чии услуги се интересира Манчестер Јунајтед. Слободна за трансфер е уште една „ѕвезда“ од средниот ред во Калчо-лигата, Хенрик Мхитаријан, кој на маса има многу побогати понуди од онаа на Рома.
Кога станува збор за напаѓачите, туку неприкосновен на врвот е Лионел Меси. Аргентинецот е подготвен да стави крај на својата „љубовна врска“ со Барселона, а неговото место би можело да му припадне на Мемфис Депај, кој има само шест месеци од актуелниот договор со Лион. Серхио Агуеро е уште еден врвен голгетер кој следното лето може како слободен играч да ги смени клупските бои, исто како и Оливие Жиру, Аркадиуш Милик…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА