Дрим-тимот на САД слави јубилеј: 25 години од златниот медал на ОИ во Барселона

Кошаркарската репрезентација на САД или попозната како „дрим-тимот“ од генерацијата 1992, слави 25 години јубилеј од освојувањето на златниот медал на ОИ во Барселона. Националниот американски тим за првпат доби дозвола да употребува професионални кошаркари согласно со ФИБА, а прва можност да ги покажат своите мегаѕвезди добија три години подоцна во Барселона. САД предводени од Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Меџик Џонсон и останатите великани од НБА лигата, стигна до десеттиот златен медал на Олимписките игри, но прв за оваа „златна“ генерација.

На патот до финалето екипата на САД си поигруваше со противниците. Првата „жртва“ беше Ангола, која прими 116 поени, а успеа да постигне само 48. Серијата од пет натпревари без пораз во групната фаза продолжи против Хрватска (103-70), Германија (111-68), Бразил (127-83) и Шпанија (122-81).

Порторико и Литванија ја почувствуваа силата на Американците во четвртфиналето, односно во полуфиналето, додека за златниот медал по вторпат ја победија репрезентацијата на Хрватска, со резултат од 117-85. Најдобар играч на тој натпревар беше легендата на Чикаго булс, Мајкл Џордан, со 22 постигнати поени.

Состав: Чарлс Баркли, Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Скоти Пипен, Џон Стоктон, Лери Бирд, Кристијан Лејтнер, Карл Мелоун, Дејвид Робинсон, Патрик Јуинг, Крис Малин и Клајд Дрекслер.

Тренери: Чак Дејли (шеф на стручен штаб), Мајк Крижевски, Питер Џон Карлисимо и Лени Вилкинс.

Teamjpg

Се вчитува...