Дрита Ислами ќе ја претставува Македонија на атлетското СП во Лондон

Дрита Ислами ќе биде единствената претставничка од Македонија на ИААФ Светското првенство за сениори, кое се одржува во Лондон од 04 до 13. август 2017 година, информира Атлетската федерација. Ислами се наоѓа меѓу 2038 атлетичари од 205 земји од светот, кои се дел од атлетскиот спектакл.

Таа ќе настапи утре, во четвртата квалификациска група на 400 метри со пречки, во 19,57 часот по локално време. Во оваа дисциплина ќе настапаат вкупно 39 атлетичарки.

Дрита Ислами оваа година има најдобар резултат од 59.33 секунди, што претставува и рекорд на Македонија.

Се вчитува...