ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ги поддржа младите физичари

Државна видеолотарија донираше 200.000,00 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.

Со 200.000,00 денари донација, Државна видеолотарија го помогна Друштвото на физичари на РМ во набавката на неопходните апарати за опремување на соодветна лабораторијата за физика. Оваа лабораторија е неопходна за да можат младите и талентирани ученици физичари да се подготвуваат за меѓународни олимписки натпреварувања надвор од Македонија. Преку донацијата е обезбедена опрема за лабораториски вежби и истражување.

 

„Лабораторијата ја заслужуваат ученици таленти со цел да можат да добијат подобри услови при подготовките за олимпијади на кои се натпреваруваат со ученици од цел свет. Република Македонија повеќе од 20 години испраќа млади физичари на олимписките натпреварувања. Освоените медали и признанија говорат во прилог на нашите млади таленти кои достојно ја претставуваат нашава земја во интернационални рамки.“- истакнуваат од Друштвото.

Менторите на македонската екипа оваа година беа проф. д-р Боце Митревски и доц. д-р Ламбе Барандовски, членови на ДФРМ. Тие се сигурни дека овие млади луѓе се спремни и добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на реномираните меѓународни натпревари по физика. Во прилог на нивниот квалитет веќе говорат признанијата кои се освоени.

Според информациите од ДФРМ, во тек се подготовките за учество на Европската и Светската олимпијада по физика. Третата Европска Олимпијада по физика ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Рига, Латвија, додека јубилејната 50 Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи од 7-15 јули во Тел Авив, Изреал. Во декември ги очекува 16 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки.

Државна видеолотарија посакува нашите олимпијци и годинава да бидат успешни, а нивното знаење да отвори нови предизвици и создаде вредности кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава.

Убаво е да се поддржуваат ваквите настани затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај физиката меѓу младите луѓе. Квалитетните услови во образованието се многу важни. Тие ќе бидат добар поттик за младите да ги усовршат и надградат своите знаења и способности, но и достојно да ја претстават нашата земја на сите натпреварувања како во земјава, така и надвор од неа.

Државна Видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да дава поддршка на младите и талентирани луѓе, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења, но и нови успеси како во земјава, така и надвор од неа. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме научно – образовните достигнувања, а воедно и ќе се залагаме нашите културни вредност да бидат претставени меѓу младите во светски рамки.

Комерцијален текст

Се вчитува...