Дуел на голманите: Симон урива рекорди, но Мартинез е подобар пеналџија

Лео Меси и Ламин Јамал ќе водат битка на фудбалските генијалци во големото финале, но подеднаков придонес за конечниот исход ќе има и изданието на двајцата голмани, Емилијано Мартинез кај Аргентина и Унаи Симон кај Шпанија.

Симон за првпат доби шанса како голман на Шпанија во 2020 од страна на Луис Енрике и оттогаш е незамеnлив на голот на „црвената фурија“. Блескаше во Лигата на Нации, беше меѓу најзаслужните и за круната на ЕВРО 2024, а во ист стил продолжува и на овој мундијал. Симон го урна рекордот на Валтер Зенга (491 минута) за најдолга серија без примен гол, a до моментот на примениот гол од Белгија неговиот нов мундијалски рекорд изнесува 647 минути без примен погодок на светските првенства. Тој успеа да ги запре Роналдо, Мбапе, Дембеле… а сега на ред е најголемиот – Лео Меси.

Неговиот процент на интервенции е фантастични 91,67%, далеку подобар од оној на Емилијано Мартинез кој прима гол при речиси секој втор удар во рамките на неговиот гол (58,62%).

Сепак, Аргентинецот веќе има докажано дека е најдобар кога е најважно, блесна и на финалето пред четири години во Катар и сигурно ќе стори се за да го неутрализира шпанскиот напад.

Статистиката вели дека доколку стигне до пенали, тогаш предноста ќе биде на страната на Аргентина. Емилијано Мартинез одбранил 10 од вкупно 33 пенали како голман на Аргентина во регуларниот дел од натпреварите. Мартинез бил дел од седум пенал-рулети со аргентинскиот национален тим излегувајќи како победник од шест од нив – најзначајна дефинитивно беше победата во финалето од СП 2022 над Франција.

Од друга страна, Симон има одбрането седум од 30-те пенали против Шпанија во изминатите години. Тој имаше одговорност на шест пенал-рулети со „црвената фурија“ во овој период, со скор од три победи и три порази.

Се вчитува...