Дуел во Подгорица: Србите ги тестираат нашите „нови момци до 21“

Младата фудбалска репрезентација до 21 година во Подгорица, на спортскиот центар „Црна Гора“, денеска (13 часот) ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари, кои треба да му помогнат на селекторот Добринко Илиевски во дефинирање на новата генерација надежи, што за неколку години ќе треба да го носи товарот и во А-тимот. Прв противник е селекцијата на Србија, а три дена подоцна ќе следи и тест со домаќинот, Црна Гора.

Интернационалецот Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација на фудбалери до 21 година има голем потенцијал.

„Иако ова е нова генерација, ние од репрезентацијата до 21 година се познаваме одлично и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“, изјави Давор Здравковски.

По минатиот квалификациски циклус што го одбележаа слаби резултати, пред селекторот Илиевски е напорна работа.

Се вчитува...