Дупјачанец од Металург се пресели во Франција

Даниел Дупјачанец ќе го напушти Металург во текот на летово и ќе се пресели во Франција, каде ќе настапува за екипата на Вилербан во втората француска лига.

Искусниот голман беше капитен на Металург во последните неколку сезони, остана во клубот и во периодот на најголема криза, а последните месеци ги мина во составот на Металург РА.

Дупјачанец имаше понуди и од неколку македонски тимови за наредната сезона, но 38-годишниот чувар на мрежата се реши за нов интернационален предизвик пред да ја заврши кариерата.

Се вчитува...