Дурант донесе одлука – не мрда од Бруклин

Кевин Дурант е решен да ја продолжи кариерата во Бруклин нетс и ќе потпише нов договор со овој тим откако начелно ги договори условите за настап за „нетси“ до 2025 година, за вкупна сума од 198 милиони долари.

Ова е негов начин да се заблагодари на челниците на Бруклин, кои го доведоа во своите редови додека се уште беше тешко повреден по скинатата тетива при настап за Голден Стејт. Тој не успеа да го внесе Бруклин во финалето на НБА-лигата, но останувањето е јасен знак дека сака да стане првак на НБА со уште еден клуб по Голден Стејт.

Кевин Дурант досега во кариерата има заработено 306 милиони долари само од договорите со клубовите, а новиот потпис ќе му овозможи до крајот на кариерата да ја надмине границата од половина милијарда долари.

Се вчитува...