Дурант: Се чувствувам добро, одиме ден по ден…

Кевин Дурент мирува од кошарката веќе година и пол по повредата на ахиловата пета која ја заработи во финалната серија помеѓу Торонто и Голден Стејт во 2019 година. Супер-ѕвездата е пред камбек во НБА лигата, овој пат во дресот на Бруклин каде се формира нова династија, а крилниот играч е во главната улога.

Американецот го одработи првиот тренинг со тимот од Њујорк, и е спремен повторно да стапне на паркетот и на официјален натпревар.

„Се чувстувам добро кога играм, но одам ден по ден. Не знам дали ќе можам да ја вратам формата од пред повредата, прво ќе морам да видам како ќе се чувстувам на официјален натпревар. Работев на себе колку што можев. Во лигата сум веќе 14 години и доколку немав повреда на ахиловата пета, повторно не би бил 100% спремен. Со тек на време се истрошуваш“ – изјави Кевин Дурент.

Камбекот на двократниот НБА шампион беше предвиден за вториот дел од претходната сезона, но коронавирусот го одложи истиот, можеби и подобро со цел Дурант овој пат да има доволно време за закрепнување.

„Имам поминато низ операции и повреди претходно, но најдолгиот процес на рехабилитација беше само три месеци. Овој пат само првиот дел од процесот траеше толку. Не можеш да одиш, и мора да користиш скутер“ – додаде десеткратниот Олстар играч.

 

Се вчитува...