Дурант: Теодосиќ чудесно асистира, едвај чекам да го видам во НБА

Кевин Дурант има само пофални зборови за Милош Теодосиќ, откако во претходните години неколку пати се сретна со српскиот плејмејкер на големите натпреварувања. Тој се уште го памети бравурозниот настап на српскиот плејмејкер на дуелот на ОИ во Рио де Жанеиро, каде Теодосиќ ја направил најдобрата асистенција што Дурант ја видел во својот живот.

„Едвај чекам да го видам во живо, како игра во НБА-лигата. Лани игравме во Рио и тој ја направи најдобрата асистенција што ја имам видено. Сите се гледавме и си мислевме „го видовте ли ова“. Трчаше кон основната линија и додаде зад главата, крај двајца наши кошаркари и си го пронајде соиграчот на линијата за тројка – и тоа со својата десна рака. Тоа без конкуренција е најдобриот пас што го имам видено, било кога од било кога. Сега Теодосиќ доаѓа во НБА и сигурно ќе ја направи лигата уште поатрактивна“ – изјави Дурант.

Еве за која асистенција на Теодосиќ говори асот на Голден стејт…

Се вчитува...