Дурент ги пофали Јокиќ и Дончиќ: Не можете да ги запрете, тие се неверојатни!

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент не ја крие фасцинираноста од начинот на кој играат неговите ривали во НБА лигата. Пред сè, ова тој особено го потенцираше за Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата честопати упатува пофалби на сметка на своите колеги. Сега, заедно со Јокиќ и Дончиќ, тој особено ги издвои Јенис Адетокунб и Демијан Лилард.

„Не можете да ги запрете овие момци“, истакна Дурент.

 

 

 

Не е прв пат ѕвезда на Нетс да го стави Јокиќ во списокот на најдобри кошаркари, а кој дефинитивно важи за најголем кандидат за МВП оваа сезона.

„Јокиќ е опасен. Неговите серии и бројки во однос на трипл-дабл се нереални. Според тој параметар, тој е еден од најдобрите центри во историјата на НБА лигата“, рече Кевин.

Сепак, ниту стилот на игра на Дончиќ не го остави рамнодушен.

„Неговата подвижност е неверојатна за мене. Тој не изгледа како спортист или играч кој лесно ќе ве победи, но секогаш има трик како да ве измами“, рече Дурент.

Се вчитува...