Дурент кон Скоти Пипен: Премногу го обожаваше летото па одеше на рехабилитација во текот на сезоната

Најголемото изненадување оваа сезона во НБА лигата беше супер-тимот на Бруклин кој покрај Кевин Дурент и Кајри Ирвинг успеа да ги доведе со своите редови и Џејмс Харден и Блејк Грифин со што стана прв претендент за титула, но беше запрен во полуфиналето на источната конференција.

Главен проблем на „црно-белите“ беа повредите кои го мачеа тимот во текот на целата сезона, а кулминираа во плејофот кога Кевин Дурент остана единствениот неповреден од големото трио. А и покрај тоа што се обиде да одигра со повреда во клучните мечеви против Милвоки, Џејмс Харден не успеа да му помогне на својот тим.

Сепак и покрај фантастичните партии кои ги пружи Дурент, супер-ѕвездата подлегна под критики и тоа од легендарниот Скоти Пипен на кои врати жестоко.

„Кеј-Ди, без разлика на тоа колку и да беше добар во нападот… не знаеше да одигра тимска кошарка. Постојано форисраше“, изјави Пипен, по што следеше реакција и од Кевин Дурент.

„Зар големиот Пипен не одби да влезе во натпревар за последниот шут бидејќи му беа повредени чувствата поради тоа што тренерот нацрта акција за подобар шутер?“

„Типов Скот исто така толку го обожуваше летото што се одлучи да оди на рехабилитација во текот на сезоната. Ало Скоти, го следеа Фил, а не тебе“, напиша Дурент на својот Твитер профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Се вчитува...