Дурент: Однесувањето на Грин не е за во НБА, мило ми е што Нуркиќ е добар

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин доби суспензија на неодредено време од страна на НБА лигата поради удирање на играчот на Феникс, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ.

Ова не прв случај Американецот да се најде во центарот на вниманието со недоличното однесување па ќе треба да оди и на советување пред да се врати на теренот.

Целата ситуација ја прокоментира и неговиот поранешен соиграч во Голден Стејт, Кевин Дурент кој се надева дека Дрејмонд Грин ќе добие помош за надминување на проблемот.

„Неверојатно е тоа што го видов. Мило ми е што Нуркиќ е добро. Никогаш не сум видел такво нешто на НБА натпревар. Се надевам дека Дрејмонд ќе ја добие помошта која му е потребна. Не му е прв пат. Добро го познавам него и знам дека не беше таков кога започнувавме да играме во првенството. Се надевам дека ќе најде помош и ќе се врати на теренот откако ќе го надмине проблемот“, изјави Дурент.

Се вчитува...