Дури 35% од тимот на Валенсија е со потврдени случаи на коронавирус

Од шпанска Валенсија синоќа информираа дека разочарувачки 35% од нивниот клуб, фудбалери и персонал од клубот, е заразен од коронавирусот.

Од шпанскиот тим информираат дека сите нивни членови се во изолација и функционираат согласно мерките на лекарскиот тим. Минатата недела од Валенсија најпрво открија дека имаат пет заразени членови, а таа бројка сега значително се зголеми. Сите се чувствуваат добро, но се под лекарски третман.

Не се знае засега точно од каде дошла заразата, иако е јасно дека Валенсија изминатиот период имаше бројни патувања. Најпрво беа гости на Аталанта во Лигата на шампионите, за да потоа гостуваат и на Алавеш на 6. март.

Досега во фудбалска Европа тим со најмногу заразени беше Сампдорија со седум случаи на коронавирус, но сега тоа е Валенсија.

Се вчитува...