Речиси пола од граѓаните на Австралија сметаат дека Новак Ѓоковиќ не требало да дојде во Австралија и да добие дозвола да се натпреварува на „Австралија Опен“, покажа анкетата која ја спроведе најтиражниот весник „Д Ејџ“.
Против неговото доаѓање во Австралија биле 41% од учесниците на анкетите, додека 29% се искажале како „незаинтересирани“ за случајот, додека 30% сметаат дека доаѓањето на Србинот во Австралија е исправна.
Ѓоковиќ пред турнирот во 2022 година беше депортиран од земјата, затоа што бил невакциниран против Ковид-19. Тој не настапи на турнирот, и притоа доби тригодишна забрана за влегување во земјата, но забраната е укината откако властите ги укинаа сите ковир мерки.
На почетокот на годината дури 71% ја поддржаа депортацијата на Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА