Кај 13 лица од тимот на португалски Белененсес е откриен новиот омикрон сој на ковид-19, соопштија португалските здравствени власти. Еден од играчите на овој тим бил во Јужна Африка, и се претпоставува дека од таму е „влезен“ вирусот во екипата.
Тоа е откриено по хаотичниот меч во кој Белененсес викендов го почна мечот со Бенфика со деветмина фудбалери, а набрзо после почетокот на вториот дел дуелот беше прекинат затоа што домашните останаа со шестмина на терен. Домашната екипа во тимот имаше и двајца голмани, само да стартува за да не сноси последици.
Остатокот од тимот беше во изолација, а нивниот меч не беше одложен. Од клубот соопштија дека дури 44 лица вработени во клубот се во карантин.
„Овен младинскиот тим, сите сме во изолација. Вкупно 44 лица вработени во клубот се во изолација. Неколкумина имаат благи симптоми. Чекаме повторување на тестовите“, изјави портпаролот на португалскиот тим.
Претседателите на Беленсес и Бенфика ги обвинија челниците на Лигата и здравствените власти поради одбивањето да се одложи натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА