Дуро го одреди составот на Струга ТЛ кој ќе оди по чудо во Исланд

Тренерот на Струга ТЛ Шпетим Дуро, го одреди составот со кој тимот ќе оди по изненадување и по чудо на гостувањето на Исланд кај Бреидаблик.

Нема поголеми измени во составот, односно стартува со Шабани, Ибраими и Мазрекај во нападот. Хоган, Бојку, Малиќи и Георгиевски ќе бидат во средниот ред, додека во одбраната „тројката“ Незири, Радиќ и Кривањева. На голот е Ќосевски.

За потсетување дека Струга ТЛ на Исланд брка негатива од првиот меч во Охрид. Пред седум дена Бреидаблик триумфираше со 0-1.

Се вчитува...