Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро вели дека неговиот тим запиша сосема заслужена победа од 2-1 во дербито на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига против Шкендија.
Оваа победа, според Дуро, добива уште поголема тежина, ако се знае дека отсуствуваа пет стандардни првотимци кај стружани, а на голот застана 21-годишниот Кристијан Китановски.
„Сосема заслужена победа. Доминиравме на натпреварот од почеток до крај и покрај тоа што имавме пет отсутни фудбалери. Активиравме четворица фудбалери на возраст од 18-19 години, почнувајќи од голманот па и низ другите линии од тимот. Шкендија не направи ниту една акција со која би не загрозила, освен ситуацијат при пеналот и голот“ – истакна Дуро по крајот на натпреварот во Струга.
Струга ТЛ по 13 одиграни кола може да се пофали дека е тимот со најмногу победи во првенството и во исто време екипа со најголем број постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА