Дуро по триумфот над Вардар: Промашувавме шанси, но знаев дека топката ќе влезе во мрежата

Стратегот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро, не го криеше задоволството откако актуелниот шампион на Македонија лесно и убедливо го совлада Вардар со 4-0.

Стружан сите погодоци ги постигнаа во второто полувреме, откако во првиот дел исто така креираа опасни ситуации за гол, но напаѓачите не можеа да го совладаат Гачевски во првите 45 минути.

„Заслужено победивме. Промашувавме многу шанси во првиот дел, можеби четири-пет зицери, но знаев дека топката ќе влезе во мрежата. Игравме добро, креиравме ситуации за гол и знаев дека резултатот ќе дојде. По првиот гол се беше полесно, го контролиравме мечот до крај и стигнавме до убедлива победа. Имаме многу опции во нападот, го доведовме и Компаоре кој е извонреден фудбалер, но полека, но сигурно се адаптира во тимот. Сепак, Радески и Ибраими се темелите на овој тим на Струга ТЛ, играчи кои можат да решат се со еден потег“, изјави Дуро.

Се вчитува...