Душебаев: Македонија игра сензационално, а Раул е еден од најдобрите тренери во светот

ЕКИПА на ЕП во Хрватска, 

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски 

Македонија е најпријатното изненадување на Европското првенство, успеа да обезбеди прво место во групата Ц по првата рунда со две победи и едно реми против европскиот првак Германија, а и втората фаза ќе ја започне од врвот на табелата, со оглед дека пренесе три бода. Зад нас се Шпанија, Данска, Германија и Чешка со по два бода и Словенија, која има еден бод.

Следниот ривал на Македонија е селекцијата на Шпанија, в недела, со почеток во 20.30 часот во Вараждин, а во редовите на „црвената фурија“ покрај Жоан Канелјас е и Алекс Душебаев, поранешниот „вардарец“, кој одлично ги познава македонските репрезентативци. Тој вели дека играат сензационално на ова ЕП.

„Македонската репрезентација игра еден сензационален шампионат, го имаат еден од најдобрите тренери на светот Раул Гонзалез и се единствените со три бода во нашата новоформирана група. Мислам дека ќе биде еден неизвесен натпревар во Вараждин, веќе сме сведоци дека се е можно на ова ЕП. Што се однесува до нас, ќе го искористиме периодот да се опоравиме, да одработиме добри тренинзи и максимално да му пристапиме на првиот меч од главната фаза“, изјави Алекс Душебаев во очекување на дуелот со Македонија.

 

Се вчитува...