Душебајев е позитивен на Covid-19

Коронавирусот продолжуваа да создава проблеми во тимот на Киелце, каде најнов заразен е тренерот Талант Душебајев. Во изминатите триесетина дена позитивни беа повеќе од половина од ракометарите на полскиот првак, за денеска да биде обелоденето дека при најновото тестирање било утврдено дека заболен е шпанскиот стратег.

Ова во изјава за полските медиуми го потврди самиот Душебајев, обелоденувајќи дека не чувствува симптоми од болеста.

„Да бидам искрен, се чувствувам многу добро. Имав малку температура, но се уште чувствувам и вкус и мирис. Фала му на Бога, засега се е во ред“, изјави Душебајев.

 

Се вчитува...