Душко Тошиќ нападнат со нож во центарот на Белград

Повремениот српски репрезентативец Душко Тошиќ, сопруг на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, бил нападнат од група ограбувачи во центарот на Белград.

Тошиќ бил нападнат во време кога заедно со кондицискиот тренер Милутиновиќ џогирале на Калемегдан, во центарот на Белград. Нападот го извршиле три лица, кои се обиделе да употребат и ладно оружје, но за среќа Тошиќ и Милутиновиќ минале без посериозни повреди.

Српската полиција информираше дека напаѓачите се заканувале со ножеви во обид да ги ограбат, но по кратката пресметка со нападнатите побегнале.

Се вчитува...