Два дена пред „Ел Класико“: Меси и Дембеле не тренираа

Аргентинскиот ас Лионел Меси не се појави на утринскиот тренинг на Барселона, два дена пред „Ел Класико“, првиот дуел од полуфиналето на Купот на Шпанија против Реал Мадрид што ќе се игра в среда на „Камп Ноу“. Тој заработи повреда на мускулот на мечот против Валенсија (2-2) и се уште е неизвесно дали ќе може да настапи за каталонскиот тим.

Меси замина на детални лекарски прегледи, а тренерот Ернесто Валверде се надева дека сепак ќе пристигнат позитивни вести. На тренингот не се појави и Осман Дембеле, кој веќе две седмици е надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб.

Се вчитува...