Македонија ЃП има предност од 0-2 на гостувањето против Брегалница во Штип во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ дојдоа до убедливо водство со два извонредни погодоци со шутеви од 25 метри, и тоа за само три минути.
Најпрво во 23. минута капитенот Мишевски директно од слободен удар го совлада Давков. А, потоа во 26. минута нов одличен шут и на Драган Стојков од 25 метри и повторно на истото место совладан Давков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА