Два гола на Рашфорд, пресврт-победа на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со пресврт дојде до победа од 2-3 на гостувањето против Шефилд јунајтед во 13. коло од Премиерлигата.

Почетничка игра во одбраната на чело со голманот беше причина за уште еден смешен примен гол на Манчестер Јунајтед сезонава, по кој Шефилд Јунајтед поведе со 1-0.

Солскјер реши да го одмори Де Хеа и да му даде шанса на Хендерсон, а токму англискиот голман се посрамоти на самиот почеток од мечот со „фенерџијата“, дозволувајќи едно негово додавање да биде пресечено во петерецот, по што Мекголдрик немаше тешка задача да ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“.

Но, се потоа беше во знакот на „црвените ѓаволи“. Најпрво Рашфорд израмни во 26. минута, а Марсијал во 33. минута веќе донесе предност од 1-2 за Манчестер јунајтед.

Во 51. минута Рашфорд зголеми на 1-3, за да МекГолдрик со својот втор гол за домашниот состав во 87. минута заокружи за конечни 2-3.

По овој триумф Јунајтед со 23 бода се проби на шестата позиција на табелата, со пет бода помалку од водечкиот Ливерпул.

Се вчитува...