Два гола за 11 минути во Подгорица: Будуќност поведе, Струга ТЛ брзо израмни (ВИДЕО)

Македонскиот првак Струга ТЛ по само седум минути игра во Подгорица, немаше повеќе предност во двомечот со Будуќност. Црногорскиот тим во 7. минута успеа да постигне гол, и така да ја анулира предноста.

По еден изведен корнер, Ѓуриќковиќ ефектно, со петица го „матираше“ Ќосевски и така го донесе домашниот тим во предност.

Меѓутоа македонскиот првак веднаш се врати во 11. минута. На ист начин, по изведен корнер, највисоко скокна Радески и постигна гол со глава и така израмни, со што повторно Струга има предност.

Се вчитува...