Два клуба во Серија А кријат позитивни на Ковид-19 за да ја прекинат сезоната!?

Наспроти тешката борба со пандемијата на коронавирусот, италијанскиот фудбал деновиве е оптоварен и со најновата тероија на заговор пласирана од градоначалникот на Беневенто, Клименте Мастела, која тврди дека два клуба од Серија А кријат случаи на заразени со Ковид-19, како би можеле потенцијално да ја прекинат сезоната кога ќе биде неопходно.

„Кориере дело Спорт“ прв објави за непотврдените информации дека два калчолигаши имаат фудбалери со позитивни резултати на Ковид-19, но го чекаат вистинскиот момент сето тоа да биде објавено. Со таквите наводи се согласи и градоначалникот на Беневено кој побара итна истрага околу целиот случај.

„Има многу интереси кои мора да бидат заштитени. Се наоѓаме во траорна ситуација во која е и целиот свет, и затоа гневен сум поради фактот дека некои се подготвени да направат се за да извлечат лична корист од оваа ситуација“ – вели Мастела.

Беневенто во моментот на прекин на сезоната е со 20 бода предност на врвот на табелата во Серија Б очекувајќи промоција во најсилната италијанска лига. Во петокот, 16 од 20 клубови во Серија А гласаа да не се додели Скудетото и да има замрзнување на промоциите и испаѓањата, доколку сезоната биде запрена поради пандемијата на коронавирусот.

Се вчитува...