Два меча суспензија за Даниеле де Роси

Даниеле де Роси е казнет со два натпревари неиграње по црвениот картон што капитенот на Рома го заработи на дуелот со Џенова. „Волчицата“ водеше со 0-1 во 69. минута, кога Де Роси апсолутно непотребно и неочекувано го удри противничкиот фудбалер, Џанлука Лападула, по лицето, по што му беше покажан патот кон соблекувалните.

Дисциплинската комисија го оцени инцидентот како „неспортско однесување“ и му изрече суспензија од два натпревари на италијанскиот репрезентативец, кој нема да може да настапи против СПАЛ и Киево.

По жолтите картони на дуелот со Калјари суспензии од по еден натпревар обија Галјардини и Жоао Марио, кои нема да му бидат на располагање на тренерот Спалети за домашниот дуел Киево.

Покрај тандемот на „нероаѕурите“, суспензии од по еден меч неиграње заработија и Херто (Верона), Торосидис (Болоња), Будимир (Крротоне) и Фарес (Верона).

Се вчитува...