Два меча суспензија за Елмас

Елиф Елмас ќе мора да ги пропушти следните два натпревари на Фенербахче како казна за црвениот картон заработен на дуелот против Умраниеспор во рамките од Купот на Турција.

Дисциплинската комисија денеска ги изрече казните за фудбалерите кои поцрвенеа, при што Елмас за директниот црвен картон беше испратен на „ладење“ на наредните две средби на Фенер. Ова значи дека македонскиот репрезентативец ќе го пропушти реваншот од Купот против Умранијеспор, како и наредниот меч од турското првенство против Малатија.

Најлошо од сите фудбалери мина Диање од Касимпаша, кој е казнет со четири меча неиграње поради исклучувањето на куп-средбата со Аланија.

Се вчитува...