Два меча суспензија за Нејмар и за Паредес, а Курзава доби многу поголема казна

Бразилецот Нејмар и аргентинскиот интернационалец Леандро Паредес се казнети со два меча неиграње поради црвените картони добиени на дербито против Олимпик Марсеј (0-1) на „Паркот на принцовите“. Дарио Бенедето ќе паузира еден меч, а многу поголема казна доби левиот бек на ПСЖ, Левин Курзава. Тој ќе мора да паузира на дури шест меча и ќе се врати во деветтото коло од францускиот шампионат. Џордан Амави доби суспензија од три меча.

Случајот на Анхел Ди Марија, кој е пријавен дека намерно го плукнал противничкиот фудбалер Алваро Гонзалес, ќе се разгледува на следната седница на Дисциплинсклата комисија на француската лига на 23.септември. Исто така под истрага е и однесувањето на дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Алваро Гонзалес.

Се вчитува...