Два од два за Јакимовски и Наполи во Еврокупот

Екипата на Наполи за која настапува македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски, ја оствари втората победа во Еврокупот откако на гости убедливо го совлада тимот на Будуќност со 93:75.

Наполи уште од стартот ја презеде контролата врз играта и резултатот, ја доби првата четвртина со 25:19, а во вторите десет минути успеа да ја зголеми предноста на десет поени и да замине на одмор со 53:43.

Во продолжението Будуќност не успеа да најде решение за играта на домаќинот. Наполи продолжи да го зголемува водството и во последниот период влезе со комфорна предност, која до крајот рутински ја задржа.

Закари беше најдобар стрелец кај победникот со 23 поени, додека Ферел постигна 19 за црногорскиот тим.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски имаше скромна минутажа. Тој на паркетот помина само седум минути, а натпреварот го заврши со еден скок.

Се вчитува...