Меси се огласи пред „последното танго“ во дресот на Аргентина: Дадов се… (ВИДЕО)

Вечерва од еден часот по полноќ, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси ќе стави крај на неверојатната репрезентативна кариера.

На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, Меси за последен пат ќе игра во дресот на Аргентина, а честа последен противник да му биде ја доби селекцијата на Бенин.

Тој денеска се обрати на аргентинската јавност и фановите.

„Дојде моментот. Заминувам во мир, дадов сè. Овој дрес беше мојот сон, мојата гордост и мојот живот. Ви благодарам што ме сакавте толку, секогаш ќе ве носам со себе“ се зборовите на Меси во видеото кое беше пуштено во јавноста во Аргентина на пладне.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by adidas Football (@adidasfootball)

 

Се вчитува...