Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја следи ситуацијата со Манчестер сити и ќе почека да заврши целата дисциплинска постапка која ја води Премиер лигата пред да одлучува дали ќе презема дополнителни мерки против „граѓаните“, објави Скај спорт.
Независната комисија на Премиер лигата го обвини Манчестер сити по сите 115 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила за лигата во периодот од 2009 до 2018 година, вклучувајќи и пет точки кои се однесуваат на непочитување на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Според правилата на УЕФА кои беа на сила во тој период, клубовите имаа ограничувања во трошењето на средствата кои сами ги остварувале во рамки на утврдените правила и барања за израмнување на приходите и расходите.
Независната комисија на Премиер лигата утврди дека сопствениците на Манчестер сити вложиле 830 милиони евра сопствени пари, кои во периодот од девет години биле прикажувани како приходи од спонзорски договори.
Манчестер сити се жалеше на одлуката на Комисијата и притоа во соопштение порача дека поседува несоборливи докази дека работел според правилата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
