ЕКИПА во Луцерн,
Владимир Булатовиќ
Македонскиот селектор Гоце Седлоски се одлучи и по четврти пат, со нови значителни промени во однос на почетните состави на претходните дуели, да го стартува натпреварот против Швајцарија вечерва во Луцерн.
Во националниот тим во почетниот состав на левокрилната дефанзивна позиција се враќа Езгијан Алиоски, заедно со Стојчевски, Зајков и Муслиу во дефанзивата.
Во средниот ред се капитенот Барди, Елези и Митровски, и во нападот Растодер, заедно со Елмас и Дориев, за првпат како стартер, на крилните позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
