Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје со пораз ги започна настапите во ФИБА Европа купот. „Металците“ во драматичен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ се поразени од грчкиот Ираклис со 59:64.
Првата четвртина навестуваше натпревар со голем број на поени бидејќи по 10 минути игра Ираклис имаше водство од 21:26, а потоа во секоја наредна четвртина се постигнуваа помалку поени.
По ефикасната прва четвртина која ја добија гостинските кошаркари, МЗТ Скопје во 17-та минута по тројката на Ноа Али Фаракан поведе со 37:36. Ираклис возврати со четири поени преку Леку и Стајлс. На полувреме се замина со негатива од еден поен за МЗТ благодарение на поените на Маслинко на четири секунди до крајот.
Во третата четвртина, беа постигнати 27 поени, и помина во постојано бркање на „металците“ на негативата. Најголената негатива во третиот дел изнесуваше осум поени (39:47), но по поените на Крајиниќ МЗТ дојде на 51:53.
Во последната четвртина беа постигнати само 17 поени, во два наврати по две минути не беше постигнат ниту еден поен. Во финишот, кошаркарите на МЗТ Скопје имаа неколку шанси да го свртат резултатот во своја корист откако Николиќ на 142 секунди до крајот погодиза 57:58.
Потоа следеше промашување на Фаракан, по што Ираклис преку Мелвин поведе со 57:60. Тадиќ не погоди тројка, а Леку го однесе Ираклис на 57:62. Тадиќ реализираше две слободни фрлања на 35 секунди до крајот, но точка на натпреварот стави Диара за 59:64.
Фаракан со 18 поени беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје каде единствен двоцифрен беше уште Лесли Ворнер кој даде 11 поени. Кај Ираклис, Леку постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА























