„Два од два“ за Словенија во првиот квалификациски прозорец за СП 2023

Словенија по два натпревара во квалификациите за Свестското првенство 2023 има и две победи. „Змајчеги“ по триумфот над Хрватска денеска на домашен терен славеа над Шведска со 94-89 во неизвесен натпревар кој беше решен во последните пет минути.

Шведска одлично го започна натпреварот и по 10. минути игра имаше водство од 17-24, но не успеа да го задржи одличниот моментум и до крајот на полувремето. Словенците ги консолидираа своите редови, заиграа далеку подобро во нападот и успеаја да ја стопат високата негатива на само еден посед (42-44).

Добрата игра на „змајчеги“ продолжи и во второто полувреме, но и покрај тоа што домаќините имаа резултатска контрола не успеаја и да стигнат до значајна предност па по 30. минути игра семафорот стоеше резултат 67-63. Швеѓаните се вратија во игра во последната четвртина, но и покрај тоа што поведоа со 70-72 не ја задржаа предноста. Словенија одговори преку Препелиќ, Блажиќ и Муриќ кои речиси непогрешливи во шутот за три поени па стигна до злато вредна победа.

Клемен Препелиќ со 30 поени и 7 асистенции беше лидер на Словенија, а него го следеа Блажиќ со 23 поени, 9 скока и 5 асистенции и Николиќ со 14 поени и 5 асистенции. Кај Шведска прво име беше Хакансон со дабл-дабл од 21 поен и 13 асистенции, Черапович додаде 19 поени и 11 скока, а со по 16 поени мечот го завршија Биргандер и Борг.

Се вчитува...