Тодоровиќ по историскиот успех на Маџари: „Оваа екипа покажа карактер, но не сакам еуфорија – не чека финале!“

Во својата дебитантска сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Маџари не само што мина низ повеќе од позитивна епизода на елитната сцена, но успеа изненадувајќи многумина во домашната кошарка да запише историја за својот клуб со пласманот во финалето на плеј-офот со кој обезбеди и битка за трофејот во шампионатот.

Тренерот на Маџари, Миодраг Тодоровиќ, по вчерашната втора победа над фаворитот ТФТ Скопје во полуфиналната серија, сосема очекувано не го крие задоволството од извонредниот успех потенцирајќи

„Оваа екипа покажа нешто што не се учи – карактер. Кога беше најтешко, останавме мирни, верувавме еден во друг и покажавме дека имаме срце за големи работи.  Многумина можеби не веруваа дека Маџари може да стигне до финале, но ние цела сезона тивко и напорно работевме токму за ова. Ветивме историска сезона и тоа ветување го исполнивме!“ – вели Тодоровиќ и дополнува:

„Сепак, не сакам еуфорија. Финалето не се игра, финалето се освојува!  Имаме уште една последна битка и ќе дадеме сè од себе да ја завршиме приказната на најубав можен начин.“

Се вчитува...