Карло Анчелоти се одлучи, сепак, да го смести легендарниот Нејмар на првичниот поширок список за Светското првенство 2026.
Сега дури италијанскиот стратег и со пофални зборови за Нејмар, кој нема настап за Бразил под водство на Анчелоти. Сепак, сега се чини дека ќе добие и дефинитивен повик за Светското првенство.
„Нејмар е сигурно најценетиот фудбалер во Бразил меѓу соиграчите, и обожаван од навивачите, така да неговото присуство носи само позитивни нешта во соблекувалната затоа што е многу сакан“ – вели Анчелоти, и дополнува:
„За мене не е едноставна одлуката дали ќе патува со нас затоа што мора да ги земам во предвид добрите и лошите страни, но сето ова не ми прави некој притисок. Дали можам да направам совршен список? Тоа е невозможно. Но, можам да направам список со помалку грешки. А, нормално е секој да го каже своето мислење, па и за Нејмар Им благодарам на сите што ми дадоа совети. Но, знам дека Нејмар е важен играч за оваа земја, со талентот кој секогаш го покажувал. Во последно време многу напредуваше, игра конзистентно и тоа е важно“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
