Два од најубавите пет потези на Гронинген во сезоната се дело на Андреј Магдевски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски претходната сезона ја започна во редовите на МЗТ Скопје, а ја заврши во холандски Гронинген каде импресираше со своите настапи, забележувајќи просек од 7.1 поен, 4.3 асистенции и 3.4 скокови по натпревар во силното првенство на Белгија и Холандија.

Македонецот ја импресираше публиката со своите додавања и луди поени од тешки позиции па го најде своето место и меѓу најдобрите пет потези на Гронинген во сезоната.

Се вчитува...