Двајца првотимци на Барселона се враќаат за дербито со Атлетико Мадрид

Барселона ќе биде сериозно засилена за неделното дерби со Атлетико Мадрид, за кое Чави на располагање повторно ќе има двајца клучни првотимци, Педри и Френки де Јонг. Педри е повеќе од два месеци надвор од терените, додека Де Јонг повеќе од еден месец не му беше на располагање на Чави, но двајцата одлични фудбалери од вчера тренираат со остатокот од екипата и дефинитивно ќе бидат во комбинација за дуелот со Атлетико.

Тренерот Чави ќе мора да донесе одлука, дали да го стартува овој натпревар со нив во првите единаесетмина или да им даде шанса дури во второто полувреме. Се чини дека првата опција е пореална, со оглед на се почестите критики што Чави ги добива поради неефикасноста на својот тим, тренд што младиот стратег ќе се обиде да го прекине токму против цврстата одбрана на Атлетико.

За разлика од Педри и Де Јонг, францускиот репрезентативец Усман Дембеле се уште е повреден и тој дефинитивно нема да може да настапи викендов.

Барса на девет кола до крајот има дури 11 бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид, дури „плус 13“ во однос на Атлетико Мадрид на третата позиција.

Се вчитува...