Двапати ја одбиваше Македонија, сонува да игра за БиХ

Фудбалерот на Касимпаша, Харис Хајрадиновиќ, обелодени дека двапати ја одбивал можноста на го облече дресот на македонската репрезентација. Овој 25-годишен фудбалер е роден во Прилеп, во кариерата има настапувано за младинската репрезентација на БиХ, но се уште нема добиено повик за да настапи за сениорската селекција на оваа земја.

„Роден сум во Македонија, на шест месеци се преселив во Германија. Со семејството дојдов во БиХ на четиригодишна возраст, а најблиските се уште ми се во Сараево. За мене постои само една татковина, тоа е Босна и Херцеговина, затоа и двапати ги одбивав повиците за настап за Македонија. Сонувам да дебитирам за БиХ, но не се преоптоварувам со тоа“ – изјави Хајрадиновиќ, кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска.

Харис Хајрадиновиќ во својата кариера има настапувано за Железничар од Сараево, потоа за Тренчин во Словачка, Гент во Белгија, Хаугесунд во Норвешка, следеше и трансфер во хрватскиот прволигаш Осијек, од каде се пресели во Касимпаша.

Се вчитува...