Двата великани со меѓусебна почит: Ѓоковиќ му честиташе роденден на Ибрахимовиќ, овој се воодушеви (ВИДЕО)

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ денеска го прослави својот 40. роденден, а по тој повод Милан направи специјало интервју во кое беа објавени и честитки од страна на разни личности. Еден од нив беше и Новак Ѓоковиќ.

Србинот му се обрати на Ибрахимовиќ на српски јазик со оглед на тоа што Швеѓанецот има балканско потекло, а пораката на тенискиот ас возвуши насмевки на лицето на голгетерот.

„Кај си Ибра, брату? Среќен роденден. Ти посакувам се најдобро. Секако, многу среќа, здравје и успеси на фудбалските терени каде се надевам дека ќе играш уште многу години. Ја обожавам твојата балканска глава. Се надевам дека наскоро ќе се видиме“, порача Ѓоковиќ.

Пораката го израдува Ибрахимовиќ кој потоа изјави дека меѓу него и Новак има многу сличности, а една од нив е „балканската глава“.

„Пред се, ја ценам неговата „балканска глава“. Кога главата ќе ти експлодира, правиш добри работи. Тоа е мојата филозофија. Кога ќе се налуитш тоа те поттикнува да бидеш подобaр, бидејќи колку повеќе си фокусиран си по трпелив. Кога си опуштен не си на истото ниво. Тоа го приметувам и кај Ѓоковиќ. Лутината го буди најдоброто во него. Мислам дека така е и кај мене, бидејќи тогаш се осеќам живо“, рече Златен.

Се вчитува...