Две победи на МЗТ Скопје над Хувентуд

Младите кошаркари на МЗТ Скопје, родени 2004 и 2005 година, имаа одличен настап на гостувањето во Шпанија, каде забележаа две победи над своите врсници од Хувентуд.

По убедливиот триумф во првата средба против вториот тим во оваа возрасна категорија на овој шпански прволигаш (63-49), „сино-белите“ синоќа беа подобри и од најдобриот состав на Хувентуд во категоријата помлади кадети и тоа со резултат 49-44.

Избраниците на тренерот Дарко Димитријевиќ се прикажаа во вистинско светло и во двете пресметки, со што потврдија дека зад нив е период на одлични тренинзи и работа, но и најавија дека од нив допрва треба да се очекуваа уште поголеми остварувања.

На средбите против Хувентуд во дресот на МЗТ Скопје Аеродром настапија Тео Војновиќ, Лука Серафимовски, Стефан Маџовиќ, Филип Босилков, Филип Гавриловски, Бојан Стојановски, Јани Буха, Методија Михајловски и Виктор Стојнев.

Се вчитува...