Две промени во составот за мечот со Русија

Селекторот на македонската репрезентација, Александар Тодоров, се реши за две измени во составот на „црвено-жолтите“ за денешниот дуел со Русија.

Најмладите од мечот со Италија, Симиќ и Митревски, денешниот натпревар ќе го проследат од трибините, а на нивно место шанса ќе добијат Виктор Ефремовски и Филип Бакоч.

Македонија на натпреварот со домашната селекција која стартува од 15.30 часот (по македонско време), ќе настапи со следните кошаркари: Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Се вчитува...