Двојна функција: Бојан Кркиќ се врати назад во Барселона

Бојан Кркиќ своевремено важеше за „бисер“ во школата на Барселона, но талентираниот голгетер никогаш не ги исполни очекувањата со оглед на потенцијалот што го поседуваше.

Тој летово и официјално стави крај на кариерата, по што Жоан Лапорта експресно реагираше враќајќи го Кркиќ назад во Барселона, нудејќи му двојна функција.

„Бојан е координатор на фудбалскиот дел. Една од обврските ќе му биде следењето на играчите кои се испратени на позајмица, тоа се работи со кои првиот тренер нема време да се занимава, тој мора да е фокусиран на натпреварите, но затоа Кркиќ има доволно искуство и фудбалско знаење за беспрекорно да го заврши тој ангажман. Кркиќ ќе има уште една функција – тој како дете ги има минато сите возрасни категории во школата Ла Масија, па ќе има за задача и да го олесни процесот на адаптација на младите играчи. Тој ќе биде задолжен за мониторинг на играчите“, изјави новиот директор на Барселона, Деко.

Се вчитува...