Двојно повеќе спринт трки во новата сезона на Формула 1

Револуцијата во Формула 1 шампионатот со воведувањето на спринт трките донесе новитет кој беше општо прифатен и од навивачите и од самите возачи па во новата сезона нивниот број ќе биде двојно поголем.

Имено, за разлика од сезоните во 2021 и 2022, кога се возеа само три спринт трки во новата сезона ќе имаме шест. Истите ќе бидат возени во Азарбејџан, Австрија, Белгија, Катар, Соединетите Американски Држави и Бразил.

„Мислам дека спринт трките се вистинско освежување. Видовме многу позитивни работи во претходните две години и поради тоа одлучивме да го дуплираме нивниот број. Тоа ќе донесе поголема забава за тимовите, бродкастерите и што е најважно публиката“, изјави првиот човек на Ф1, Стефано Доминикели.

Се вчитува...