Е. Пелистер е шампион на Македонија во кадетска конкуренција

Денешниот фајналфор турнир во кадетска конкуренција што се одржа во салата „Автокоманда“ во Скопје донесе одличен и максимално неизвесен ракомет. На крајот, на титулата се радуваа кадетите на Е. Пелистер откако битолчани во големото финале ја совладаа Струга со 38-31.

Финалето всушност беше и единствениот меч без неизвесност на овој фајналфор ако се знае дека „пелистерци“ од самиот почеток наметнаа темпо и се одлепија резултатски, на одмор заминаа со предност од 18-11, задржувајќи ја до самиот крај. Трусунов со 10 гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, а по 6 дадоа Ѓорѓиевски и Данчевски.

Третото место му припадна на тимот на Пролет, кој во малото финале славеше над Мулти Есенс со 27-26.

Претходно, двете полуфинални донесоа неверојатна неизвесност, откако Струга во пенал-рулет го елиминираше Пролет, додека Е. Пелистер исто така на седмерци беше подобар од Мулти Есенс.

Се вчитува...